МЗТ Скопје Аеродром со победа над Куманово ќе ја одбрани шампионската титула

Од:

Финалната серија од кошаркарскиот плеј оф може да заврши вечерва доколку МЗТ Скопје Аеродорм постигне победа на гостувањето кај Куманово. Ова е четвртиот натпревар од финалето на плеј офот во кој Куманово поведе со 1-0 во победи, а првакот МЗТ Скопје со двата триумфа успеа да направи пресврт (води со 2-1) и да дојде на една победа до нова шампионска титула.

Куманово оваа натпреварувачка сезона постигна две победи над МЗТ Скопје на домашен терен (во регуларниот дел), но првиот домашен натпревар од финалето го загуби. Кошаркарите на Куманово ќе се обидат на вечерашниот дуел да се изборат за триумф и со тоа да продолжат серијата и шампионот да биде решен со одигрување на „мајсторка“ во недела во Скопје.

Од безбедносни причини домаќинот КК Куманово во продажба ќе пушти помалку влезници во однос на првиот дуел, а цената ќе биде двојно повисока и ќе изнесува 100 денари. Почетокот на натпреварот е во 19 часот, а судии се Марјан Мицевски, Александар Милијевиќ и Зоран Митровски.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос