МЗТ Скопје Аеродром – Работнички, дерби на 10. коло од Супер лигата

Од:

Дерби натпреварот од 10.коло на кошаркарската Супер лига ќе се одигра вечерва (почеток 19 часот) во СЦ „Јане Сандански“ меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички. Ова воедно е дуел на двете првопласирани екипи на табелата. Последниот натпревар меѓу овие два тима одигран во салата „Градски парк“ во Скопје имаше возбудлива завршница, а минимална победа од 83:82 постигна шампионот МЗТ Скопје.

Натпреварот ќе има и хуманитарен карактер бидејќи организаторот најави дека собраните средства од влезниците ќе бидат наменети за хуманитарни цели, односно ќе се донираат за малиот Максим Стојановски кој има проблеми со видот.

На вчера одиграниот прв натпревар од 10.коло Карпош Соколи го победи Кожув со 67:64 и го освои петтото место на табелата.

Утре се игра последниот дуел од оваа рунда меѓу Фени Индустри и Куманово.

Табела: МЗТ Скопје 44 бодови, Работнички 41, Куманово 39, Фени Индустри 39, Карпош Соколи 39, Кожув 38.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос