Македонските екипи во АБА лигата МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи попладне ќе го одиграат првиот натпревар на македонски екипи во АБА лигата. Во рамки на 6.коло првакот МЗТ Скопје е домаќин на Карпош Соколи, а натпреварот се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17 часот.
Двете екипи во досегашниот дел од лигата забележаа по пет порази.
Покрај овој дуел денеска се играат уште три, а двојките се: ФМП – Партизан, Цедевита – Крка и Црвена Звезда – Игокеа.
На вчера одграните натпревари беа постигнати следниве резултати: Олимпија – Цибона 72:89, Задар – Мега 90:86 и Будуќност – Морнар 85:68.
Табела: Будуќност 12 бода, Цибона 11, Црвена Звезда 10, Партизан 10, Задар 9, Цедевита 8, Морнар 8, Игокеа 8, ФМП 7, Мега 7, Олимпија 6, Крка 5, Карпош Соколи 5, МЗТ Скопје Аеродром 5.