МЗТ поразен кај Крка

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје доживеаја висок пораз вечерва на гостувањето кај Крка во Словенија со резултат 85:52 (по четвртини 23:15; 20:16; 21:12 и 21:9).

Ова беше трет пораз за аеродромци сезонава во петте одиграни средби од регионалната АБА лига.

Само во првите 5-6 минути македонскиот шампион беше во резултатска рамнотежа, а потоа водството го презема домаќинот кој заслужено стигна до четвртиот сезонски триумф.
На првиот натпревар од оваа рунда Шолнок – Левски 81:67.

Двојките за другите дуели се: Партизан – Металац, Мега Визура – Олимпија, Будуќност – Цибона, Задар – Црвена звезда и Цедевита – Игокеа.

Пред комплетирањето на 5.коло, на врвот на табелата се Црвена звезда и Будуќност со максимални четири победи.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос