МЗТ го освои Супер купот

Од:

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром е освојувач на Суперкупот на Македонија во кошарка.

Актуелниот македонски шампион забележа победа со 87:84 против Карпош Соколи во финалето на фајлан-фор турнирот кој изминатите два дена се одржуваше во СЦ „Јане Сандански“.

Иако МЗТ Скопје во третата четвртина имаше предност од дури 24 поени сепак победникот беше решен во завршните моменти од натпреварот па со „тројката„ на Тори Томас на шест секунди до крајот МЗТ дојде до првиот трофеј во мак-баскетот во новата сезона 2016/2017 година.

Токму Томас беше најефикаснот кошаркар на МЗТ Скопје, со постигнати 19 поени, а имаше и 13 асистенции. Џошуа Скот реализираше 18, а Џеремаја Мејси беше стрелец на 16 поени за победничката екипа.

Во редовите на Карпош Соколи, најдобар поединец беше Кендрик Пери со учинок од 29 поени и 9 асистенции.

Токму овие две екипи ќе ја претставуваат Македонија во регионалната АБА лига чија нова сезона стартува следниот викенд.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ