МЗТ даде 110 поени и тргна со победа во АБА 2

Од:

Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром, со ефикасна игра и убедлива победа стартуваше во новата сезона во втората АБА лига.

Жртва на „штрковите“ беше Слобода Тузла, која во „Јане Сандански“ беше совладана со 110:88. Кај МЗТ блескаше засилувањето Нуни Омот со 33 поени. Американецот со кенијско потекло, даде шест тројки од шест обиди, а за двојка шутираше 7/8. Тој имаше индекс на корисност од 37 поени, и тоа го прави најкорисен поединец на првото коло.

Дамјан Стојановски придонесе со 16, Бојан Крстевски со 13, Андреј Магдевски со 12, а Џабари Хиндс и Андреј Маслинко со по 11 поени. МЗТ погоди дури 19 тројки од 31 обид.

Во следното коло на 9 октомври, „металците“ гостуваат кај Спарс во Сараево, тим кој стартуваше со домашен пораз од Рогашка.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он