МЗТ брка победа против Спарс за пласман во финалето на АБА-2

Од:

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром денеска од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“ го игра вториот меч од полуфиналната плејоф серија во АБА-2 против босански Спарс, а со победа ќе се пласира во финалето на регионалното кошаркарско натпреварување.

Во првиот натпревар во четвртокот, кој се одигра во Сараево, македонскиот тим победи со 70-71, со кош во последната секунда на Лестер Медфорд, иако во еден момент „металците“ губеа и со 17 разлика.

Во пресрет на денешниот дуел, тимот на Ѓорѓи Кочов имаше добра проверка во петокот, откако го совлада Куманово со 76-72 во домашното првенство.

Во исто време, Спарс имаше само неколку дена да се опорави од шокантниот пораз на домашен терен и да се подготви за најголемиот тест во оваа сезона. Ако босанскиот тим успее да победи вечерва, третиот натпревар ќе се игра повторно во Сараево.

Во вториот полуфинален дуел се среќаваат Приморска и Борац Чачак, откако првиот меч го доби словенскиот тим со 78-59. Натпреварот број 2 се игра во истиот термин во Србија.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он