МВР ПРЕДУПРЕДУВА: Внимавајте од кого купувате билети за ЛОИ во Лондон

Од:

МВР предупредува: Во пресрет на одржувањето на летните олимписки игри во Лондон, Велика Британија, од страна на Британското биро за врски при Европол до Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за Европол при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, пратено е известување со кое се предупредува за појава на неовластени интернет страници за продажба на карти за Олимпијадата, како и за лажни веб страни кои нудат сместување.

Дадени се и инструкции што треба да се преземе доколку се набавени билети на некои од следните веб страни:

www.euroteam.net
www.tixnet.com
www.olympicticket.info
www.euroteam.info
www.euroteamtickets.com
www.2012tickets.org
www.londonsummergames.net
www.londonsummergames.org
www.euroteam.travel
www.worldticketservice.net

Во таков случај потребно е веднаш да се контактира со компанијата од каде што првично постоел обид за купување карти, или да се контактира компанијата која го овозможила префрлањето нa пари и повлекувањето на средства. Случајот може да се пријави и на следната адреса на електронска пошта: [email protected].

Единствен и најбезбеден начин за купување на билети за Олимпијадата е преку официјалната веб страна www.london2012.com.

Од нивна страна сугерирано е дека мора да се има потврда дека се поседува билет пред да се патува на Олимпијада, бидејќи полицијата има сознанија дека се измамени лица ширум светот.

Сите информации за измамени граѓани, може да се достават до Одделението за Европол, кое потоа ќе стапи во контакт со надлежните служби, со цел пронаоѓање на сторителите, стои на официјалната страна на МВР.

Би можело да ве интересира

Пет закони ќе се менуваат за да профункционира „Безбеден град“

Уапсен Бугарин за измамите со лажни сообраќајки

Се трага по старица од Чашка чија куќата изгоре во пожар пред неколку дена

Тројца полицајци повредени во сообраќајка кај Струга

А1он

Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави за бомби во училиштата, соопшти МВР

Катерина Ѓуровски

Извршени претреси во Одделот за општи и заеднички работи во МВР, одземени се мобилни телефони и обемна документација