Мурињо за гестот на Симеоне: Можете ли да замислите јас да го сторев тоа?

Од:

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, го коментираше начинот на кој Диего Симеоне го прослави вториот гол во натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите со Јувентус (2:0).

– Можете ли да замислите јас да го направев истото што го направи Симеоне? Можете ли да замислите да го правам истото што го направи Покетино? Замислете какви би биле последиците. Дали чувствувам дека кон мене се однесуваат поинаку? Да Не знам зошто ова се случува, изјави Мурињо за шпанска „Марка“.

Тренерот на Атлетико, Симеоне на натпреварот со Јувентус се однесуваше недолично. По вториот гол се сврти кон публиката и се фати за препоните, додека Покетино беше гневен на судијата по поразот од Барнли и жестоко реагираше, по што мораше да биде смируван од асистентите з ада не дојде до инцидент.

За многу помали екцеси Мурињо во минатото добиваше големи казни, па оттука е оваа негова реакција.

Би можело да ве интересира

Му здосадија пари и жени, па екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед стана свештеник

А1он

Маркус Рашфорд има нов клуб

А1он

Шокантен трансфер во најава, од Сити во Јунајтед

А1он

Вулверхемптон на свој терен го победи Манчестер Јунајтед со 2:0

Манчестер Јунајтед го совладаа Манчестер Сити со 2:1

(ВИДЕО) Нов менаџер, стари проблеми – Јунајтед освои само бод кај Ипсвич

А1он