Мурињо: Тешко е да одбивам понуди, но имам право на избор

Од:

Жозе Мурињо инсистира на тоа дека ќе преземе клуб, каде што навистина го сакаат како менаџер. Португалскиот тактичар е без тим, откако Манчестер Јунајтед го отпушти минатиот декември и го замени со Оле Гунар Солскјер.

Иако веќе доби неколку понуди, поранешниот ментор на Челзи, Реал Мадрид, Интер и Порто сè уште не брза да се врати во тренерската професија. 56-годишниот Мурињо инсистира на тоа дека ќе се врати само ако тој е навистина посакуван од конкретниот клуб.

– Најтешко е за мене е да кажам „не“ на сите предлози. Морам да работам, затоа што внатрешно, секогаш сум импулсивен во однос на работата. Ако имам можност да работам, сакам да кажам: „Почнуваме“. Да одбивам предлози е нешто многу, многу, многу тешко, вели Специјалниот за „Скај Спортс“.

На прашањето зошто одбива, стратегот вели вака: „Затоа што тоа не е предизвикот што го сакам. Но, со сета почит кон предлозите што ги добив од клубовите, сакам да имам право да бирам луѓе кои се „Мурињовци“ – како што сакаат да кажат луѓето во Португалија, Шпанија и Италија – „Мурињовец“ е личност, кој е фан. Тие сакаат јас да бидам таму, каде што припаѓам, така што кај мене не станува збор да кажам „добро, еве ја мојата понуда и ќе ја прифатам“. Морам да бидам трпелив и да чекам на вистинската можност, и таа да одговара на моето ниво како менаџер“.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ