Мурињо сепак може да биде казнет за пцуењето на португалски

Од:

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) ќе ја обжали одлуката Жозе Мурињо да не биде казнет за навредливиот јазик за време на натпреварот на Манчестер Јунајтед против Њукасл минатиот месец.

Португалскиот менаџер беше обвинет дека пцуел на својот јазик во насока на телевизиската камера кога „црвените ѓаволи“ играа со „црно-белите“. Јунајтед победи со 3:2 откако губеше на полувремето со 0:2 на „Олд Трафорд“.

На 31 октомври, независна комисија пресуди дека Мурињо не е виновен.

– Фудбалската асоцијација ќе поднесе жалба на одлуката во врска со случајот на Жозе Мурињо, соопштија од седиштето.

Независната комисија е на мислење дека Мурињо користел „непристојни зборови на португалски јазик“, но овие „непристојни зборови“ се нешто вообичаено во фудбалот и се слушаат често.

Мурињо беше обвинет од Фудбалската асоцијација за несоодветно однесување.

– Сметаме дека тој ја славеше победата без да ги адресира овие зборови на одредена личност, соопштија од комисијата, која го разгледа случајот со португалскиот менаџер на Јунајтед.

Би можело да ве интересира

Му здосадија пари и жени, па екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед стана свештеник

А1он

Маркус Рашфорд има нов клуб

А1он

Шокантен трансфер во најава, од Сити во Јунајтед

А1он

Вулверхемптон на свој терен го победи Манчестер Јунајтед со 2:0

Манчестер Јунајтед го совладаа Манчестер Сити со 2:1

(ВИДЕО) Нов менаџер, стари проблеми – Јунајтед освои само бод кај Ипсвич

А1он