Мурињо: Не ни треба многу инвестиции

Од:

На Тотенхем не му треба голема инвестиција, сигурен е менаџерот на англискиот клуб Жозе Мурињо.

„Спарси“ се дел од Лигата на шампионите во последните четири години, откако стигнаа до финалето на најпрестижниот турнир минатата сезона, но загубија со 0-2 од Ливерпул во Мадрид.

– Двете добри работи се дека претседателот Даниел Леви го сака она што го сакам. Тој самиот сака сè што сакаат фановите – да освојуваат натпревари и трофеи. Тоа е нешто одлично. Втората добра работа е што не ни требаат многу подобрувања, не ни требаат многу играчи и инвестиции Ова е профилот на нашиот клуб. Со или без Ковид-19, со или без учество во ЛШ, дефинитивно ќе можеме да ќе го подобриме нашиот состав. Ова е токму она што го сакаме, категоричен е португалскиот стратег.

Тој откри дека раководството на Тотенхем сака Ерик Даер да потпише нов договор.

– Се надевам дека ќе најдат заеднички јазик. Ерик веќе ми кажа дека тука е повеќе од среќен. Сигурен сум дека го водам тимот во вистинската насока, додаде Мурињо.

Во четврток, Тотенхем игра како гостин против Шефилд Јунајтед.

Би можело да ве интересира

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони