Мулаомеровиќ поднесе оставка

Од:

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина, Дамир Мулаомеровиќ по неуспехот на репрезентацијата во квалификациите за Евробаскетот 2017 поднесе оставка. Тој на оваа позиција дојде годинава.

Муламомеровиќ во текот на натпреварите имаше проблеми со дисциплината на кошаркарите. Капитенот Мирза Телетовиќ имаше конфликт со младиот Џанан Муса и притоа беше обвинет од селекторот дека премногу шутира, а Јусуф Нуркиќ дека недоволно е ангажиран во одбраната. По инцидентот Телетовиќ беше отстранет од тимот.

Селекцијата на Босна и Херцеговина беше во група со Русија и Шведска и забележа две победи (Шведска) и два пораза (Русија), но по три последователни учества на Европски првенства на следното нема да настапува.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ