Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Мухамед Али се наоѓа во критична здравствена состојба, потврди неговиот брат Раман Али.
„Мојот брат не може да зборува и не ме препознава. Во лоша здравствена состојба е, болеста многу му натежна. Можеби му останаа месеци, но можеби и само денови. Не знам дали ќе го дочека летото. Тој е сега во Божји раце“, изјави Раман.
Мухамед Али го освои златниот медал на Олимписките игри во Рим во 1960 година. Во 1984 година на Али му е дијагностицирана и Паркинсонова болест.