Победничката на Вимблдон, Гарбиње Мугуруза изјави дека го сонувала моментот како го подига трофејот од Грен слемот во Лондон.
Таа искажа респект за противничката во финалето Венус Вилијамс.
– Беше тешко и знаев дека ќе биде така. Израснав гледајќи ја Венус како игра и таа ми беше голема инспирација. Многу бев нервозна, иако тоа не се гледаше. Отсекогаш сакав да го сторам ова и успеав. Среќна сум што ја искористив шансата, рече Шпанката по освојувањето на вредниот трофеј.
Шпанската тенисерка во финалето ја совлада Вилијамс со 2-0 (7:5 и 6:0).
За Мугуруза ова беше втора Грен слем титула и прва на Отвореното првенство на Велика Британија