Мугуруза и Квитова полуфиналистки на Мастерсот во Сингапур

Од:

Гарбине Мугуруза и Петра Квитова ги освоија првите две позиции во „белата“ група на Мастерсот во Сингапур и со тоа се пласираа во полуфиналето.

Денеска во мечот од 3. коло Мугуруза ја победи Квитова со 2:1 во сетови (6:4; 4:6 и 7:5) и со максимални три победи го освои првото место во групата.

Освоениот сет за Квитова во денешниот меч беше од голема важност бидејќи Луси Сафарова ја совлада Анжелик Кербер со 2:0 во сетови (6:4 и 6:3), па така трите тенисерки имаа скор една победа и два пораза, но Квитова имаше освоено еден сет повеќе од ривалките во групата.

Утре во полуфиналето ќе играат: Марија Шарапова – Петра Квитова и Гарбине Мугуруза – Агнешка Радванска.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров