МТКФ организира летен камп и куп „Валона 2020“

Од:

Македонската традиционална карате федерација од денес до 29 август 2020 во Валона, Албанија ќе одржи традиционалниот МТКФ летен карате тренинг камп „Валона 2020”.

– Во соработка со Албанската традиционална карате федерација МТКФ за прв пат ќе организира тренинг камп во Валона на кој ќе учествуваат каратисти од Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово. Семинарот ќе го водат: проф. Венцислав Недев, др. Дејан Недев и др. Аљоша Недев. Како секоја година на крај од семинарот ќе се организира меѓународен турнир и полагање за ученички и мајсторски појаси, информираа од МТКФ.

Семинарот ќе биде и подготвителен за претстојниот Европски шампионат кој во декември треба да се одржи во Прага, Чешка како и Балканијадата во декември во Скопје.

Би можело да ве интересира

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје

Девет медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат

Осум медали за каратистите на „Макпетрол“ на „Гран при Сараево“