МТКФ ги избра најдобрите за 2015 година

Од:

Врз основа на постигнатите резултати во 2015 година Македонската федерација за традиционално карате (МТКФ) донесе одлука за наградување на најдобрите македонски каратисти во повеќе категории. Признанијата на најдобрите им беа доделени денеска на пригодна манифестација.

Во сениорска конкуренција наградени се: Дејан Недев, Аљоша Недев, Матеј Ангеловски, Љупчо Миленковски и Јадранка Недева.

За посебен придонес во развојот на МТКФ и карате спортот признанија се доделени на: потпретседателот на Владата Владимир Пешевски,  директорот на „Факом“ Златко Симоновски, директорот на „Кодинг“ Диме Костадинов, директорот на „Еуроимпекс“ Даниел Воиновски и рекоторот на УТМС Аце Миленковски.

Селекторот на македонската репрезентација Венцислав Недев е прогласен за тренер на годината.

Најдобри каратисти во младинска категорија: Бојан Богдановиќ и Сара Гичевска.

Најдобри каратисти – кадети: Мила Саздова, Огнен Тасевски, Ана Крстевска и Берта Милевска.

Признанија им беа доделени и на најмладите каратисти до 14 годишна возраст.

Би можело да ве интересира

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје

Девет медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат

Осум медали за каратистите на „Макпетрол“ на „Гран при Сараево“