МотоГП: Довициозо најбрз и на вториот тренинг пред ГП на Катар

Од:

Пилотот на Дукати, Андреа Довициозо беше најбрз пилот и на втората тренинг сесија во Катар. Италијанецот, кој утрово заврши пред Валентино Роси во првиот тренинг за 2018 година, во втората сесија победи со минимална предност друг свој сонародник – Данило Петручи со мотициклот на Алма Прамак. Најдобриот круг – 1:54.361 минути – популарниот Дови го запиша во последните минути. Втората сесија, за разлика од првата, се одржа под светлата на рефлекторите на катарската писта „Лосаил“, бидејќи и самата трка ќе биде спроведена на вештачки светла.

Кал Крачлоу со ЛЦР Хонда беше првиот пилот кој го подобри постигнувањето на Дови од утрото, но светскиот шампион Марк Маркез брзо се искачи на чело во поредокот. Сузуки уште еднаш потсети дека оваа зима претрпел големи промени, а Алекс Ринс ја подобри обиколката на Марк. Во завршната фаза на сесијата, само Дови и Петручи постигнаа напредок.

Меѓу топ 3 и останатите пилоти се направи солидна разлика, но сепак првите 14 пилоти се поделени од само една секунда. Четвртата позиција беше за тимскиот на Довициозо – Хорхе Лоренцо со заостанување од половина секунда зад првото место. Неговата сесија, сепак, не помина совршено поради проблемите со неговиот мотоцикл.

Петти завршува Андреа Јанони со вториот Сузуки, проследен со трио на Хонда – Марк Маркез, Дани Педроса и Крачлоу. По нив следуваше трио на Јамаха.

За Вињалес, кој е минатогодишниот победник во Катар, тоа значи дека ако не влезе во топ 10 утре изутрина на третиот тренинг, ќе мора да помине низ првата квалификација, за да се обиде да освои пол-позиција за Гран При на Катар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на „Каталуња“: Бањаја излета, друг мотоцикл му ја прегази ногата

Катерина Ѓуровски

Накагами ја освои својата прва пол-позиција во МотоГП

А1он

Промената во правецот на ветрот предизвика сериозен пад во МотоГП

МотоГП: Маркез победи на „Мизано“

Ана Ололовска

МотоГП: Маркез со пол-позиција во Чешка

Вињалес стартува прв во првата трка од новата сезона во МотоГП