Натпреварот меѓу Фиорентина и Интер во 14. коло од Серија А е прекинат и нема да се доигра денеска, откако колабираше играчот на домашниот тим, Едуардо Бове (22).
Во 17. минута играчот од средниот ред на „виолетовите“ се наведна и се струполи.
Тој остана да лежи неподвижен, а потоа дотрчаа да му помогнат играчите, лекарите и членовите на стручниот штаб.
⚽️🇮🇹 ALERTE – Edoardo Bove, joueur de la Fiorentina, vient de s’effondrer au sol lors de la rencontre entre l’Inter Milan et la Fiorentina. (témoins) pic.twitter.com/hu8wtcsGbw
— AlertesInfos (@AlertesInfos) December 1, 2024
🚨🚨🚨 Suspendido el Fiorentina – Inter después de que Eduardo Bove haya empezado a convulsionar en el terreno de juego pic.twitter.com/Fkeyg0eNDE
— MARCA (@marca) December 1, 2024
Бове лежеше неподвижен на теренот, а потоа на носилки беше однесен со Брза помош, во болница.
Непријатната сцена од Фиренца не остави никого рамнодушен, играчите и судиите беа во солзи, а двата тима отидоа во соблекувалната.