Јапонскиот фудбалер Такуми Минамино го напушта Ливерпул и кариерата ќе ја продолжи во францускиот клуб Монако. Раководството на „кнезовите“ за овој трансфер на Ливерпул ќе му исплати 18 милиони евра.
Јапонецот не добиваше голема минутажа кај Јирген Клоп, со оглед на жестоката конкуренција во нападот на Ливерпул.
Тој дојде на „Енфилд роуд“ во декември 2019 година од редовите на Салцбург. За „црвените“ одигра вкупно 55 натпревари на кои постигна 14 гола.