Меѓународниот олимписки комитет се огласи за можните разговори за вклучување на е-спортот во натпреварувачката програма на Олимписките игри.
– Не можеме да ја игнорираме популарноста на „eSports“ меѓу младите луѓе, но во обичните спортови потребна е физичка активност, што не е случај со електронските игри. Ние ќе продолжиме да имаме дијалог со нивните претставници, но некои од игрите не се компатибилни со олимписките вредности. Тоа е реалноста. Затоа, прерано е да се зборува за вклучување на е-спортови во програмата на Олимпијадите, се вели во соопштението на организацијата.
Е-спортовите во последно време стануваат се популарни кај најмладите и ни целиот свет се одржуваат турнири со голем број учесници.