Мојсовска освои злато на турнирот во Чачак

Од:

Македонската каратистка Ангела Мојсовска го освои златниот медал во категоријата јуниорки -59 кг. на интернационалниот турнир „Златен појас на Чачак“.

Мојсовска оствари четири победи доволни за првото место. Во првиот натпревар ја совлада актуелната европска шампионка од Кипар 2016 година, домашната натпреварувачка Дина Дурвештам (Србија) со резултат 1-0, потоа ја порази Словенската репрезентативка со 7-1, во трето коло победа со Словачка од 5-1, и во финалето беше поуспешна од Хрватската репрезентативка Челан која ја совлада со 2-1.

Тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски задоволен од настапот на Мојсовска.

– Најдобар впечаток на овој турнир остави јуниорската репрезентативка на Македонија Ангела Мојсовска од која сум многу задоволен, посебно поради податокот што ја совлада актуелната европска шампионка Србинката Дина Дурвешта и тоа на свој терен. Добро преставување имаа и јуниорот Петар Заборски кој имаше одличен настап во сениорска конкуренција, и беше петто пласиран , исто како и Дејан Павлов во тешка категорија +84 кг. Тие двајца се бореа за бронзени медали но за жал не успеаја да ги освојат, истакна Заборски.

Би можело да ве интересира

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје

Девет медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат

Осум медали за каратистите на „Макпетрол“ на „Гран при Сараево“