Модриќ за 400 натпревари за Реал: Ми се исполни сонот да играм овде

Од:

Фудбалерот од средниот ред Лука Модриќ во неделата го одигра својот 400. натпревар за Реал Мадрид. На неговиот јубилеј, Реал ја совлада Барселона на гостински терен со 2:1 во 10. коло од Ла Лига.

– Ова е неверојатно достигнување, горд сум и многу среќен поради тоа. Се надевам дека ќе одиграм уште многу натпревари. Сè ми оди добро во Реал Мадрид од самиот почеток. Никогаш не мислев дека ќе успеам да го постигнам ова што го направив до сега. Го исполнив мојот сон да играм за Реал Мадрид. Благодарен сум за сите моменти што ги доживеав овде и нема да застанеме тука, изјави Модриќ.

Хрватскиот фудбалер за Реал настапува од сезоната 2012/13.

Би можело да ве интересира

Мијатовиќ: Чаби Алонсо треба да биде нов тренер на Реал Мадрид

А1он

Трент е само почеток, Реал тргна по шпанскиот бисер од 50.000.000 евра

А1он

Мбапе се израмни со Шукер, за рекорд му требаат уште 9 гола

А1он

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

На фудбалер на Реал му се заканува затворска казна – препраќал порно видеа со малолетници

А1он

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти оди со 23 играчи за дуелот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите