Модриќ: Станав дел од група извонредни фудбалери

Од:

Фудбалерот на Реал Мадрид и хрватски репрезентативец Лука Модриќ, им се заблагодари на сите што му помогнаа да ја освои Златната топка.

– Ова е единствено чувство. Мило ми е и горд сум. Сега е тешко да ги опишам моите емоции, но сакам да им се заблагодарам на сите што ми дозволија да бидам тука. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи и тренери, на Реал и на хрватскиот тим, сите што гласаа за мене, како и моето семејство. Мојата сопруга и децата кои ми се радуваат и ми помагаат да постигнам успех во сите аспекти. Ова е неверојатно чувство и големо задоволство да бидам тука кај сите овие играчи. Се уште се обидувам да сфатам дека станав дел од група извонредни фудбалери. Освојувањето титула значи дека оваа година навистина постигнав нешто посебно на теренот. 2018 беше моја година, изјави Модриќ.

Тој ја доби наградата фудбалер на 2018 година од „Франс Фудбал“, а беше прогласен за најдобар играч на годината од УЕФА и ФИФА на годината.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

Лука Модриќ влезе во историјата на Реал Мадрид, собори два нереални рекорди

А1он

(ВИДЕО) Мбапе за Модриќ: Па тој има повеќе трофеи од јас што имам години!

А1он

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ ќе игра уште една сезона во Реал Мадрид

Неповторливиот Лука Модриќ – собори уште еден рекорд

Предраг Петровиќ