Модриќ: Има причини зошто работите не одат во Реал

Од:

Носителот на „Златната топка“ за 2018 година Лука Модриќ реагира емоционално по поразот на Реал Мадрид од Реал Сосиедад со 2:0 на „Сантијаго Бернабеу“ во меч од 18-тото коло на Примера.

– Многу од нас не се на познато ниво. Не можеме на секој натпревар да се однесуваме така. Ние мора да го спречиме тоа на идните дуели. Тоа не е прашање на среќа. Создадовме многу шанси, но топката не влегуваше. Има причини зошто работите не одат добро, рече Хрватот по натпреварот.

Тој потоа го прокоментира и судењето на натпреварот, за коеод клубот најавија дека ќе поднесат официјална жалба.

– Судијата немаше свој ден. Но, нашиот проблем не е судија или ВАР, иако тие ги комплицираат работите. Нашите проблеми се поинакви. Судијата ми рече дека му кажале дека нема пенал. Ми се чини неверојатно дека не ја прегледале ситуацијата, но тоа се случи. Ние треба да се подобриме, не сме во идеалниот момент, додаде халфот за претензиите на тренерот Сантијаго Солар за пенал кој судијата не го досуди за прекршок против Виничиус.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

На фудбалер на Реал му се заканува затворска казна – препраќал порно видеа со малолетници

А1он

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти оди со 23 играчи за дуелот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите

(ВИДЕО) Прв хет-трик на Мбапе во дресот на Реал Мадрид

А1он

Анчелоти пак го брани Винисиус: Два меча суспензија е премногу!

А1он

Анчелоти: Ќе поднесеме жалба поради исклучувањето на Винисиус, не беше за црвен

А1он