Модриќ главен „виновник“ за нереализираниот пенал на Рамос

Од:

Голманот на хрватската фудбалска репрезентација Данијел Субашиќ кој го одбрани пеналот на Серхио Рамос при резултат 1:1 и е меѓу најзаслужните за победата на „коцкестите“ откри дека Лука Модриќ бил „виновникот“ за успешната интервенција во 72.минута.

Гледачите на тв преносот имаа можност да видат како Дарио Срна му шепнува на Субашиќ како да го брани пеналот на Рамос. По натпреварот, хрватскиот голман кажа дека Модриќ које е соиграч на Рамос во Реал Мадрид, од клупата сугерирал каде да брани, а пораката ја пренел капитенот.

– Срна ми шепна дека Лука му рекол малку да почекам па да тргнам на мојата десна страна, изјави Субашиќ.

Хрватска на крајот победи со 2:1 и го освои 1.место во групата што значи условно полесен противник во осминафиналето.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби