Aукциската куќа „Сотбис“ ќе ја одржи своја традиционална предновогодишна аукција на островот Амелија, каде ќе бидат продадени неколку ретки модели на автомобили, меѓу кои е и „Бугати Тајп 57С Кабриолет“ од 1937 година.
Се работи за еден од само трите изработени примероци од овој модел, а автомобилот поседува оригиналната каросерија што ја произвела француската компанија „Ванвурен“.
Автомобилот никогаш не бил реставриран и е единствен од трите „Бугари 57С“, кој моментно е во приватна сопственост.
Шасијата, каросеријата, моторот и менувачот се оригинални, а досега овој „Бугати“ главно бил во сопственост на Британци. Ја поседува сета оригинална документација, а ова ќе биде првпат да оди на аукција во неговата 80-годишна историја.
Се проценува дека автомобилот може да биде продаден за 8,5 милиони долари и да стане еден од најскапо продадените „Бугати“ во историјата.
Пред три години „Бугати Tајп 57СЦ Атлант“ беше продаден за 8,7 милиони долари, а лани на островот Амелеија купувач издвои 9,7 милиони долари за „Бугати 57СЦ Спорт Туре“.
На овогодишната аукција на продажба ќе бидат понудени „Штиц Модел М Купе“ од 1930 година, како и „Кадилак В-19 Фитон“ од 1933 година.
Вредноста на првиот автомобил се проценува на 1 милион, а на вториот на 500.000 долари.