Женската младинска ракометна репрезентација на Северна Македонија забележа победа над Косово со 31-30 на ЕХФ Шампионатот во Литванија и ќе се бори за петтото место на турнирот.
Седлоска со осум гола беше најефикасна во нашите редови,додека кај Косовките, Реџепи даде неверојатни 18 гола.
Селекцијата до 19 години досега на шампионатот претрпе два порази од Швајцарија и Литванија, додека победи оствари на стартот против Грузија и денес против нашиот западен сосед.
Во дуелот за петтото место, нашите млади ракометарки ќе се соочиат со Фарски Острови.