Младите македонски кошаркари на мегдан против Романија

Од:

Младата македонската кошаркарска репрезентација до 16 години со натпреварот против Романија, вечерва го продолжува својот настап на Европскиот шампионат (дивизија Б) кој се одржува во Струмица.

Откако ги загубија шансите за висок пласман избраниците на селекторот Димитриевиќ, сега ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место.

Во првиот натпревар дуел од новоформираната група Г, тие за противници ги имаат нивните врсници од Романија која со трите победи во првата фаза од првенството има предност на табелата во однос на нашата репрезентација.

Романија како и Грузија натпреварите во групата Г ќе ги започнат со 2 бода, додека Македонија и Естонија против која утре ќе играат нашите кошаркари, ќе стартуваат без бодови.

Дуелот Македонија – Романија ќе се игра во салата „Никола Карев’’ со почеток од 21 часот.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос