Со доделување на наградите за најдобрите млади кошаркари, денеска во Битола заврши кошаркарскиот турнир „Младост 2015“ кој го организираа истоимениот кошаркарски клуб од Битола и Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола.
Годинава, на петтиот меѓународен кошаркарски турнир учествуваа 18 екипи од Македонија и Хрватска, во четири категории: девојки родени 1999/2000, девојки 2001/2002, момчиња 2000/2001 и момчиња 2003/2004.
– Натпреварите се одржаа во спортската сала „Павел Шатев“-Студентски дом и спортската сала „Младост“. По тридневни натпревари сосема заслужено првите места во три категории им припаднаа на гостите од Задар, Хрватска. Од клубовите во Македонија, на турнирот во Битола настапија МНА-Кавадарци, Гостивар 2009, Струга 2009, Партизан ВС-Скопје, Црн Дрим-Струга и домаќинот „Младост“, истакна Владимир Прчков, портпарол на турнирот.
Благодарност за одличната организација на турнирот искажа Умберто Пиасеволи, селектор на женската кадетска репрезентација на Хрватска и тренер на КК „Задар“.