Младите кошаркари на Феникс 2010 со настап во европско Супер-финале

Од:

Скопската екипа КК Феникс 2010 со својата селекција на млади кошаркари родени 2001 година, денеска ги започнува натпреварите во младинската европска лига, односно завршниот „Супер-фајнал“ турнир што се одржува во литванскиот град Клаипеда.

До овој настап на завршницата во европската младинска лига за играчи до 15 години, КК Феникс 2010 се пласира по двата квалификциски турнири во ценрално-европската зона во кои оствари седум победи на осум одиграни натпревари.

– Настапот во супер-финалето е голем успех, но сепак младите „Феникси“ нема да патуваат во Клаипеда со бело знаме. Тука сме да се надигруваат и да освојат што е можно подобар пласман. Знаеме дека ќе биде тешко, но овие млади момчиња убеден сум дека ќе го дадат максимумот да да се искачат едно скалило погоре., изјави тренерот на екипата Денис Дервишевиќ.

Прв противник на Феникс 2010 во силната конкуренција ќе биде екипа Аудентес, од Талин, против која ќе играат во осминафиналната рунда. Покрај естонската екипа на турнирот ќе настапуваат и екипи од Литванија, Унгарија, Чешка, а Русија ќе биде застапена со големите кошаркарски имиња ЦСКА и Динамо.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос