Младиот Девин Букер рамо до рамо со НБА легенди

Од:

Ѕвездата на Феникс Санс, Девин Букер успеа да запиша негативен рекорд и покрај уште едно неверојатно индивидуално претставување.

Во втор натпревар по ред, тој ја надмина границата од 50 поени, откако пред тоа заврши со 59 против Јута, но стана првиот кој ги губи првите 3 средби, во кои доаѓа до оваа граница. Овој пат, Вашингтон успеа да ги победи „сонцата“ со 124:121.

– Чест и благослов е да го играм спортот што го сакам. Само се обидувам да се забавувам и овој пат бевме прилично блиску до победата, изјави Букер, кој е само седми кошаркар со последователни средби со најмалку 50 поени, откако се приклучи во друштво на Џејмс Харден, Мајкл Џордан, Коби Брајант, Бернард Кинг, Антоан Џејмисон и Алан Ајверсон.

На само 22 години и 149 дена, тој е втор најмлад што забележал три натпревари со најмалку 50 поени по Леброн Џејмс. Тој, сепак, не се радуваше целосно откако Томас Брајант реализираше кош со прекршок на помалку од 3 секунди пред крајот и ја донесе победата на Визардс синоќа.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он