Млада ѕвезда на Мајами подобри постигнување на Меџик Џонсон

Од:

Tајлер Хиро можеби не беше на победничката страна на натпреварот бр.2 помеѓу Мајами Хит и Лос Анџелес Лејкерс, но младиот кошаркар успеа да го запише своето име во историјата на плејофот во НБА.

Високиот 196 сантиметри стрелец во екипата на „жешките“ е веќе најмладиот стартер на натпревар од финалето на Лигата, откако го замени легендарниот Меџик Џонсон од првото место на оваа листа.

Хиро го стори тоа на 20 години и 256 дена, успевајќи да го подобри постигнувањето на петкратниот шампион на Лејкерс за осум дена. Хиро најде место во почетната петорка откако Горан Драгиќ претрпе повреда на левиот скочен зглоб за време на мечот бр.1 од последната серија.

Дебитантот постигна 17 поени и зеде 7 скока со 5/12 удар од поле во средба, што стана историска за него.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он