Млад фудбалер на Џенова е во куќен притвор, го обвинуваат за силување

Од:

Играчот за врска на италијанскиот фудбалски прволигаш Џенова, Маноло Портанова (21), е сместен во куќен притвор заедно со уште две лица поради обвинение за силување.

Неговиот адвокат Габриеле Бодони, италијанската полиција и екипата на Џенова, засега, не го коментираат случајот.

Портанова и неговите пријатели се приведени, откако 23-годишна девојка ја известила полицијата дека била силувана од четворица мажи на возраст од 21 до 24 година.

Наводниот инцидент се случил на куќна забава во градот Сиена, а Портанова, кој му е соиграч на капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев е приведен додека бил на одмор во Месина.

Портанова дојде во Џенова во јануари од Јувентус и минатата сезона играше на три средби во Серија А.

Неговиот татко Даниеле Портанова е поранешен играч на Сиена, Болоња и Џенова.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он