Аргентинскиот фудбалер Езекијел Есперон трагично насрада во Буенос Аирес за време на една забава.
23-годишниот фудбалер се забавувал со пријателите на тераса на шести спрат, а се верува дека загинал откако се навалил на оградата која попуштила од неговата тежина и се срушила.
Младиот фудбалер починал откако бил однесен во болница. Полицијата започнала истрага, но како што пренесуваат аргентинските медиуми, нема индиции дека се работи за насилна смрт. Несреќата се случила ноќта помеѓу недела и понеделник.
Argentine footballer Ezequiel Esperon tragically dies age 23 after fall from sixth-floor apartment https://t.co/sl6sECD53G pic.twitter.com/22E9Eex0o2
— Mirror Football (@MirrorFootball) October 7, 2019
Најпознат клуб за кој играл Есперон бил бразилскиот Гремио, а последен ангажман имал во мексиканскиот второлигаш Аталанта.