Македонската кошаркарска федерација (МКФ) од 29 јули до 7 август 2016 е организатор на Европско првенство за кошаркари до 18 години Дивизија Б. По тој повод МКФ објави конкурс за ангажирање на лица кои ќе бидат дел од локалниот организациски комитет (ЛОК) и кои ќе придонесат за успешна организација на Европското првенство за кошаркари до 18 години во Скопје.
Ќе бидат избрани вкупно 40 лица, од кои 23 водичи (team attache) за гостинските репрезентации, шест одговорни лица за хотели, оперативен менаџер, одговорен за дистрибуција на медиа материјали и девет лица ќе бидат ангажирани во спортските сали.
Лицата заинтересирани за учество во организацијата на ЕП можат да добијат информации преку веб страната на МКФ www.basketball.org.mk
На првенството покрај јуниорската селекција на Македонија ќе настапат уште 23 репрезентации и со 24 земји учеснички ќе биде најголемото младинско Европско првенство одржано до сега во Македонија.
Натпреварите ќе се играат во спортските сали: ВИП Арена – Борис Трајковски, СЦ. Јане Сандански и салата на КК Вардар под Кале. Екипите и официјалните лица ќе бидат сместени во хотелите: Континентал, Александар Палас и Русија.