Митсубиши подготвува нов кросовер концепт за Женева

Од:

Јапонската компанија Митсубиши најави нов кросовер концепт со плаг-ин хибриден погон, што ќе биде претставен на претстојниот Саем на автомобили во Женева.

Во соопштението на Митсубиши се наведува дека станува збор за концепт што претставува најава за дизајнот на идните сериски модели на компанијата.

Концептот ќе добие погон на хибриден систем, кој има намалено негативно влијание на околината, а Митсубиши тврди дека возилото истовремено ќе ја задржи динамичноста и агилноста во возењето.

Митсубиши концепт 2

Првичните фотографии објавени од Митсубиши не откриваат многу, но може да се заклучи дека потсетува на доработен концепт ХР-ПХЕВ од 2013 година.

Повеќе детали за концептот ќе бидат достапни по неговата премиера, која е најавена за почетокот на март на Саемот во Женева.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска