Кошаркарот на Црвена звезда, Лука Митровиќ е прогласен за најкорисен играч во 16.коло од АБА лигата. Митровиќ во победата на „црвено-белите“ над Задар учествуваше со 16 поени, 10 скока и три асистенции за вкупен индекс 32.
Најдобар ефект оваа рунда имаше играчот на МЗТ Скопје Аеродром, Џош Скот кој собра 34 поени, но поради поразот на македонскиот шампион од Цедевита, Американецот не е МВП.
Во идеалната петорка на 16.коло е и Кендрик Пери од Карпош Соколи со 32 инд. поени.
Никола Јанковиќ од Олимпија стигна до 28 инд. поени, додека Џејмс Рашад оствари 26 во триумфот на Цедевита над „аеродромци“.