Митев: Мора да го победиме Металац

Од:

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Бобан Митев со јасен став дека победа и ништо друго не е опција за неговите кошаркари во вечерашниот дуел против Металац во рамките од 8.коло на АБА лигата.

– Мора да победиме против Металац. Немаме друга опција оти играме против еден од „послабите“ тимови во лигата. Направив неколку корекции и воведов нов систем на работа. Знам дека е лошо кога играчите во само месец и пол менуваат дури три концепти на тројца различни тренери, но немаме многу време да размислуваме за тоа. Мораме сите заедно да се приспособиме што побргу на условите и да мислиме напред кон победи што ќе нѐ извадат од резултатската криза во Јадранската лига – ни изјави Митев.

И двата тима имаат по две победи и пет порази сезонава, со кои се на делба на претпоследното место на табелата.

Дуелот МЗТ Скопје Аеродром – Металац ќе се игра во СЦ Јане Сандански со почеток од 20.30 часот

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос