„Митцубиши“ во јануари ќе ја лансира последната верзија на моделот „Ланцер Ево“

Од:

На претстојниот авто-салон во Токио компанијата „Митцубиши“ ќе го претстави моделот „Ланцер Еволушн Х Фајнал Концепт“. Автомобилот, што ќе го означи крајот на производството на славниот спортски модел, ќе добие засилен мотор од 480 кс.

Јапонскиот производител на овој начин достојно ќе се прости од моделот „Ланцер Ево“.

Специјалната верзија на „Еволушн Х Фајнл Концепт“ има мат црна надворешност со по некој мал хромиран детал.

Сепак, најважното подобрување се крие под хаубата на автомобилот. Постојниот 2.0-литарски мотор доби нов турбо-полнач и унапреден издувен систем, како и нова електронска управувачка единица.

Благодарение на овие промени моторот произведува 480 кс (353 кW), а силата се пренесува на сите четири тркала со помош на петбрзински мануелен менувач.

„Митцубиши“ вгради и спортско потпирање со прилагодливи амортизери и специјални 19 инчни алу фелни.

„Ланцер Еволушн Х Фајнл Концепт“ премиерата ќе ја има на 9-ти јануари на салонот на автомобили во Токио, кога треба да се знае колку примероци од овој автомобил ќе се симант од производните ленти.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска