Мистериозна смрт на италијански фудбалер: Се шеташе со пријателите, падна во канал и почина

Од:

Габриеле Галани (24), капитен на италијанскиот фудбалскиот клуб АСД Пикардо Траверстоло почина во Холандија.

Како што пренесуваат светските медиуми, Галани престојуваше во Амстердам со пријателите, а почина откако падна во канал.

Припадниците на итната помош успеаa да го извлечат фудбалерот од каналот, па со хеликоптер во критична состојба беше префрлен во болница, каде почина.

Галани наводно одел зад своите пријатели кога падна во канал во градот Кловенирсбург.

Овој млад човек следната недела требаше да ја презентира својата теза за магистерски инженеринг на Универзитетот во Парма, а паралелно со студиите започна и пракса во Ламборџини, пишува „Марка“.

Со емотивна порака на социјалните мрежи се огласи и клубот АСД Пикардо Траверстоло.

– Тивко лидер на теренот, пријател со другарите, момче со добро срце и многу почит. Ќе те носиме засекогаш во нашите срца. Збогум Габри, се вели во соопштението на клубот.

Претседателот на клубот Лука Прамполини зборуваше за порталот „Парма данас“.

„Смртта на Габриел Галани е необјаснива: Тој не пиеше, не пушеше, тој беше спортист и одличен пливач“, изјави Прамполини.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи