Миротиќ одбил 45 милиони долари од Чикаго, за да заигра за Барса

Од:

Шпанскиот репрезентативец Никола Миротиќ ја одбил понудата од 45 милиони долари од Чикаго за да се врати во Европа и да потпише со Барселона.

Ова го откри тренерот на Каталонците, Светислав Пешиќ, кој исто така додаде дека Миротиќ имал предлог и од друг тим во НБА.

– Кога играч со сличен калибар се враќа во Европа, најнормално е веднаш да се започне со шпекулирање дека заработува пари. Платата што ќе ја добие во Барселона е дефинитивно во согласност со неговите вештини, но сè што се појави во медиумите е тотална шпекулација. Никола е ориентиран кон Европа, заедно со неговото семејство купија куќа во градот, изјави Пешиќ, цитиран од „Моцарт Спорт“.

Тој потоа го прокоментира незадоволството кое навивачите на Црвена звезда го искажаа, откако репрезентативниот бек, Милош Теодосиќ, одби да потпише со белградскиот гигант.

– За време на мојот престој во Баерн, некои луѓе го прашаа претседателот Ули Хајонс дали може да го натера Дарк Новицки да дојде во Минхен. Ваква глупост е едноставно нереална. Значи, навивачите на Црвена звезда немаат право да бидат незадоволни што Теодосиќ не потпишал со нив, додаде менторот за трансферите на НБА во Европа.

Дваесет и осум-годишниот Миротиќ, со потекло од Црна Гора, ја започна сезоната 2018/2019 со составот на Њу Орлеанс, а ја заврши во составот на Милвоки.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он