Убедливиот триумф над Тунис со 8 голови разлика (33:25) е неочекувано голем за централниот бек на репрезентацијата на Македонија, Филип Миркуловски.
– Не очекувавме да победиме со толку голема разлика, напротив, очекувавме потежок натпревар. Сепак, бевме многу подготвени. Долго време се подготвувавме за овој натпревар, изјави Миркуловски постигна 4 голови за нашата селекција во победата над Тунис со 33:25 на стартот на Мундијалот во Катар.
Фокусираноста во текот на целиот меч според Миркуловски е еден од клучните моменти за успешниот старт на Мундијалот.
-Бевме 100 % сконцентрирани. Мислам дека тоа е најпотребно за вакви натпревари, да знаеш кога, што и како да одиграш, тогаш резултатот ќе дојде сам по себе, дополни Миркуловски, по мечот со Тунис.