Екипата на Кожув по трет пат сезонава го совлада Работнички, додека Куманово беше убедлив на гостувањето кај Бест во двата саботни дуела од последното (28.коло) на Првата кошаркарска лига.
Постигнати резултати:
Работнички – Кожув 75:76,
Бест – Куманово 63:93.
Работнички по овој пораз го завршува прволигашкиот дел на шестата позиција и во 1/4 финалето на плеј офот ќе играат против третопласираниот тим на табелата. Противник ќе биде познат по денешното дерби во СЦ „Јане Сандански“ меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи. Победа на бранителот на тронот МЗТ, го носи Куманово на втората позиција на табелата и покрај евентуално идентичниот збор на бодови со Карпош, поради подобриот скор од Соколи во меѓусебните средби од 3-1 во победи.
Рундата беше отворена во петокот со дуелот меѓу Фени Индустри и Струмица што им припадна на кавадарчани со резултат 82:67.
Натпреварите од плеј офот се закажани да почнат на 26 април.
Табела: МЗТ Скопје Аеродорм со 51 бод, Куманово 48, Карпош Соколи 47, Фени Индустри 46, Кожув 41, Работнички 39, Струмица 33, Бест 28.