Екипата на Анадолу Ефес со победа ја започна втората фаза (ТОП 16) во кошаркарската Евролигата.
На средбата одиграна попладнево во Истанбул, турскиот тим славеше победа над белградска Цевена Звезда со 85-84 со кошот на Хрватот Дарио Шариќ на три секунди до крајот на мечот.
Овој натпревар е во рамките од групата Е, во која во Загреб во тек е мечот меѓу цедевита и Локомотив Кубан, а вечерва во Истанбул ќе играат и Фенербахче – панатинаикос. Вчера, во оваа група, Уникаха ја победи Дарушафака со 70-62.
Во групата Ф во тек е дуелот Жалгирис – Лаборал, а вечерва ќе играат и Реал Мадрид – Бамберг. На вчерашните натпревари во оваа конкуренција, Химки ја победи ЦСКА со 91-89, а Олимпијакос беше подобар од Барселона со 74-62.