Кошаркарите на Милано Армани со пресврт стигнаа до седмата победа во Евролигата. Синоќа на домашен терен ја совладаа Дарушафака со 89:87, а во 25. минута гостите водеа со 25 поени разлика (68:43).
Екипата од Милано предводена од Крунослав Симон и Давиде Пасколо, кои постигнаа по 15 поени успеа во финишот на дуелот да стигне до победата.
Резултати на натпреварите од 21.коло: Уникс Казан – Олимпијакос 75:90, Жалгирис – Барселона 89:85, Фенербахче – ЦСКА Москва 77:71, Бамберг – Макаби 90:75 и Милано Армани – Дарушафака.
Денеска се играат натпреварите: Галатасарај – Панатинаикос, Басконија – Реал Мадрид и Црвена Звезда – Анадолу Ефес.
Табела: ЦСКА Москва 15-6 (победи-порази), Реал Мадрид 15-5, Олимпијакос 15-6, Фенербахче 14-7, Црвена Звезда 12-8, Басконија 12-8, Панатинаикос 11-9, Дарушафака 10-11, Жалгирис 9-12, Анадолу Ефес 9-11, Барселона 8-13, Бамберг 8-13, Макаби 7-14, Уникс 7-14, Милано Армани 7-14, Галатасарај 6-14.