Милан и Клуб Бриж постигнале договор околу трансферот на Шарл де Кетелер тврдат белгиските медиуми.
Де Кетелер пред две недели се договори со Милан, проблемот беше оштетата што треба шампионот на Италија да ја плати за ангажманот на репрезентативецот на Белгија.
На крајот, како што пренесува „Calciomercato“, Бриж се согласиле на понудата на Милан од 32 милиони евра со три милиони преку бонуси. Белгијците, претходно инсистираа на фиксни 35 милиони евра.
Иако Лидс беше подготвен да плати повеќе, пресуди желбата на играчот да се пресели во Милано.
Извор: Топспорт