Македонскиот тенисер Стефан Мицов загуби во 2.коло и го заврши фјучрс турнирот во бугарскиот град Благоевград.
Македонецот денеска загуби од вториот носител Глеб Сахаров од Франција. Во првиот сет по голема борба Французинот беше подобар со 7:5 во гемови, додека во вториот сет Мицов освои два гема.
За Мицов пласманот во 2. коло значи освојување на еден поен на АТП листата.