МГ3 на Саемот во Шангај

Од:

Познатиот британски производител на автомобили МГ на Саемот во Шангај ќе го претстави моделот МГ3, кој на европскиот пазар ќе се најде во втората половина на годината.

Автомобилот ќе се произведува во Бирмингем. МГ3 ќе биде достапен во комбинација со пет врати, а ќе биде придвижуван од четирицилиндарски атмосферски бензински мотор со 105 коњски сили во комбинација со 5-степен рачен менувач.

МГ3 е долг 4.015. широк 1.728 и висок 1.520 милиметри. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.520 милиметри. Ќе биде достапен во три нивоа на опрема ТС1, ТС2 и ТС3.

Според шефот на МГ за Велика Британија, Гуј Џонс МГ3 се очекува да биде сериозни кандидат на Мини, Цитроен ДС3 и Воксал (Опел) Адам.

Почетната цена ќе изнесува околу 11.600 евра.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска